Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски очекува нападот на Собранието да биде расветлен до крај

Спасовски очекува нападот на Собранието да биде расветлен до крај

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски денеска по исказот во Обвинителството за насилствата во Собранието од 27 април изјави дека очекува одговорност за насилниците, но и за одговорните во Министерството за внатрешни работи. 

Тој објасни дека пред надлежниот обвнител ги опишал настаните во Собранието и очекува нападот на еден витален објект како што е Собранието да биде расветлен до крај. 

„Покрај одговорноста за насилниците кои нападнаа пратеници во Собранието очекувам дека обвинителството ќе ја утврди и командната одговорност во Министерството за внатрешни работи“ - вели Спасовски. 

Покрај Спасовски во Обвинителството беа и пратениците Радмила Шеќеринска и Маским Димитриевски кои исто така беа нападнати и се здобија со повреди. 

Во текот на денот се очекува исказ како оштетени да дадат уште двајца пратеници од СДСМ.

Претходно тоа го стори и лидерот на партијата, Зоран Заев. 

Слично

Поврзани вести