Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски oчекува Грујевски и Бошкоски да бидат екстрадирани, но и да се најдат помагачите

Спасовски oчекува Грујевски и Бошкоски да бидат екстрадирани, но и да се најдат помагачите

Министерот за внатрешни работи,  Оливер Спасовски очекува поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски и вработениот во УБК, Никола Бошкоски, да бидат вратени во Македонија, но и да бидат откриени и лицата кои им биле логистика. 

Спасовски вели дека тие не треба да се плашат да се вратат дома. 

„Правда за секој во Македонија мора да има и секој мора да одговара за сторените дела во оваа држава. И ние во тој правец ќе работиме бескомпромисно“ - категоричен е Спасовски. 

Спасовски кажа дека тие избегале  најверојатно пред Апелациониот суд да ги донесе одлуките за нивен притвор. 

„Заедно не само во соработка со колегите од Грција туку и со повеќе регионални служби ние успеавме да дојдеме до податоците за нив и на крајот да имаме успешна акција за нивно приведување“ - вели Спасовски. 

Судот во Солун вчера го одложи за 24 октомври судењето на Грујевски и Бошкоски. Тие се обвинети од Специјалното јавно обвинителство за нелегално прислушување и за уништување на системите за прислушување. Се гонат во случаите познати под името „Тврдина“, „Таргет“ и „Тврдина 2“. 

Двајцата вчера беа изведени пред Судот во Солун поради поседување лажни патни исправи. Грујевски и Бошковски беа уаспени на аеродромот во Солун, а користеле и лажни бугарски пасоши при обидот да заминат со авион за Будимпешта.  

Во Грција во судот се пожалиле дека се жртви на политички прогон и дека се плашат за својот живот, па затоа не сакаат да бидат екстрадирани во Македонија. 

Слично

Поврзани вести