Спасовски оцени дека имавме мирен изборен ден со 40 oтсто помалку пријави за инциденти
Денеска имало за 40 oтсто имало помалку пријави за инциденти споредено со претходните избори, соопшти министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Спасовски вели дека до овој момент нема регистрирани посериозни инциденти.
„До 19 часот се бележи вкупно намалување на бројот на пријавени настани и тоа за 40 отсто во споредба со изборите во јули 2020 година. Така, годинава се пријавени 91 настан, за разлика од претходните избори кога беа пријавени 151 настан“, изјави министерот.
Најголем дел од пријавите, објасни Спасовски, се за агитирање (42). Од нив, седум се веќе отфрлени, а по останатите се постапува. Потоа, евидентирани се 13 пријави за изборен поткуп од кои пет се отфрлени како неосновани. Останатите се за упатување закани, вознемирување на гласачи, фотографирање на гласачко ливче и слично. Најголемиот дел од пријавените настани се од подрачјето на СВР Скопје (22), по што следува СВР Штип (19) и СВР Куманово (16).
Пријавени се 7 случаи во кои се инволвирани полициски службеници, од кои 6 се проверени и од нив само две се основани (а се во врска со агитирање при вршење службени дејства), а еден е во фаза на расчистување.
