Спасовски обвини за „кртови“ во МВР: Кој му работи зад грб а купува поени кај Мицкоски?
Во МВР и во други државни институции постојат луѓе кои на опозициската ВМРО ДПМНЕ и доставуваат информации за ситуацијата во тие институции.
Ова го тврди министерот Оливер Спасовски кој одговарајќи на пратенички прашања на пратениците во Собранието рече дека тие информации се проследуваат до „партиските групи за проценка“.
Според кажаното од министерот, тоа е доказ дека „матрицата на ВМРО ДПМНЕ не се променила и дека продолжуваат по старо“.
-Не е дека со ова ќе добијат нешто дополнително, ниту пак дека некој од пратениците или некои други структури ќе се преплашат туку мислам дека овде се работи заради самопромоција, кој повеќе ќе му се допадне на Мицкоски. Кој ќе донесе повеќе материјали со тоа ќе дојде до подобра позиција“, наведува Спасовски.
Тој порача дека е јасно дека на тој начин таквата позиција никој нема да си ја обезбеди.
