Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски: објави пет мерки како награди и исплати за полицајците од 1 јануари

Спасовски: објави пет мерки како награди и исплати за полицајците од 1 јануари

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави пет мерки кои согласно новиот колективен договор стапуваат на сила од 1 јануари како награди и исплати за полицајците.

„Низа на новини кои ги усвоивме со Колективниот договор со Македонскиот полициски синдикат, а кои стапуваат на сила од 01.01.2022 година“ пишува на својот Фејсбук профил Спасовски.

Станува збор за награда во износ од 100 евра за полицајкитее кои ќе добијат принова, исплата во износ од 20 отсто средства наменети за храна за оние кои работат ноќе и исплата во износ од 5 проценти на час за домашно дежурство во криминалистичката полиција.

Министерот најави и награда во износ од 150 евра за ментори за успешно спроведена менторска програма и јубилејна награда во износ од пола од просечна плата за работен стаж од 10 години во МВР.


Слично

Поврзани вести