Спасовски: Никој од нас не се вози во мерцедесот од 600.000 евра
Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека никој од Владата на Македонија не се вози со луксузниот мерцедес од 600.000 евра набавен во времето кога премиер беше Никола Груевски.
- Тој е наменет само за странски делегации и високи гости. Никој од Владата не се служи со мерцедесот - рече Спасовски синоќа.
Тој потврди дека Папата Франциск при посетата на Скопје не се возел со ова возило кое беше набавено на контроверзен начин со посебни спецификации за да не излезе некоја друга понуда како поповолна.
За овој случај се отвори предметот „Тенк“ на СЈО за кој на затворски казни осудени се Груевски и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Слично
