Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски: Немавме причина да го повикаме Мијалков на информативен разговор

Спасовски: Немавме причина да го повикаме Мијалков на информативен разговор

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, во емисијата „утрински брифинг“ рече дека Владата не се испазарила со Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, во контекст на неговото блиц-бегство, за да го подрива актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од претседателот Христијан Мицкоски.

- Ако Заев сакал да се пазари, ние ќе го правевме тоа уште пред да ги објавиме „бомбите“. Сашо Мијалков го постави Мицкоски на Конгресот во Валандово преку делегати кои што тој ги контролира, рече Спасовски.

Министерот додаде дека изрекувањето на првостепената пресуда за предметот „Таргет-Тврдина“, како што вели тој,  ќе ги расчисти сите можни дилеми. Сознанијата на Спасовски велат дека Мијалков во изминатите три дена не го напуштил Скопје.

Го оцени како позитивен момент што Обвинителството имало информација дека Мијалков подготвува можно бегство, пред таа да ја добие МВР или Агенцијата за национална безбедност. 

„Информациите треба да се споделат со службите и добро е таа информација што стигнала до Обвинителството и тука нема ништо спорно. Клучот на проблемот е тука, дека мораме да го консолидираме системот. Ако во одреден сегмент не е функционален, мора да се подобрува. Државата мора да биде подготвена. Треба да видиме кои се сегашните законски норми“, рече Спасовски.

Тој рече дека полицијата единствено можела да го набљудува на јавни површини како единствена законска мерка со која можела да се послужи во моментите пред да му се изгуби трагата.

- Прикриено полициско набљудување на јавни површини не е ефикасна метода, но таа е единствено законски дозволена. Не можевме да го приведеме на информативен разговор ако нема причина, тврди Спасовски.


Слично

Поврзани вести