Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски нема да потпише закон без гаранции дека нема да се прислушува неовластено

Спасовски нема да потпише закон без гаранции дека нема да се прислушува неовластено

Министерот за внатрешни работи на прес конференција истакна дека максимално ќе ја поддржи јавната расправа за реформите во безбедносниот сектор, особено во работата на тајните служби и системите за прислушување за што се потребни силни гаранции дека ќе нема нови злоупотреби на моќта.

– Законите за ОТА и за следење на комуникациите се наоѓаат на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Македонија (ЕНЕР) за увид од страна на јавноста. Тие треба да бидат на ЕНЕР 20 дена за да ги чуеме мислењата на стручната, научната јавност и на граѓаните. Кога ќе бидат подготвени конечните текстови, врз основа на мислењата на стручната, научната јавност и на граѓаните, ќе ги разгледаме на седница на Владата, а потоа ќе ги доставиме до Собранието – рече Спасовски.

Тој нагласи дека нема да ги потпише текстовите на законите доколку во нив не се гарантира заштитата од можни злоупотреби на системот.

– Јас го кажав мојот став уште во 2015 година и стојам на тој став. Сè додека не поминат сите дебати околу овие законски решенија, сè додека во јавноста не се прифати дека ова е вистинското решение што ќе обезбеди заштита од злоупотреба на системот за прислушување, нема да потпишам таков закон – изјави Спасовски.


Слично

Поврзани вести