Спасовски негативен, останува во самоизолација
Само што ги добив резултатите од денешниот Ковид-19 тест. Тестот е негативен и немам никакви симптоми, а додека не ги добијам официјалните препораки од епидемиолозите ќе останам во домашна изолација, напиша техничкиот премиер Оливер Спасовски на фејсбук.
„На сите кои се соочуваат со вирусот им посакувам брзо оздравување и уште еднаш силно апелирам сите да ги почитуваме мерките, за да му овозможиме на здравствениот систем да ја одржи контролата врз кластерите каде се појавуваат нови случаи на заболени, додава Спасовски.
Тој беше тестиран откако имаше контакти со дел од раководството на СДСМ, а вчера со директорката Сања Лукаревска заедно беа во Куманово.
Слично
