ДАЛИ ТОШКОВСКИ ЌЕ ВОВЕДЕ МААЛСКА СТРАЖА? Најавува присуство на полицијата во секоја населба од следната есен
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, најавува дека од следната есен во секое маало ќе има присуство на исти полициски службеници, со цел поголема безбедност и доверба во полицијата.
„Преку новиот закон за полиција, очекувам веќе од следната есен да имаме зголемена видливост на полицијата на терен. Истите службеници ќе бидат присутни во истите реони, со цел континуитет и доверба“, истакна Тошковски.
Со оваа најава, Министерството планира значително да ја зголеми довербата меѓу полицијата и граѓаните, со редовно присуство на исти службеници во секоја населба, што ќе придонесе и за подобра превенција од криминал.
Во 2018, овој концепт го најави тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, истиот делумно почна да се спроведува во Куманово, а беше најавено дека ќе се спроведува во Битола и Штип, но концептот никогаш не се имплементираше целосно.
