Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски: Не смееме да дозволиме хуманоста да биде жртва на тероризмот

Спасовски: Не смееме да дозволиме хуманоста да биде жртва на тероризмот

Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во обраќање во Будимпешта на Конференцијата на министри за внатрешни работи во рамките на Салцбуршкиот форум денеска изјави дека не смееме да дозволиме хуманоста да биде жртва на тероризмот. 

Тој вели дека Република Македонија со својата гео-позиција во регионот може да биде една од најпогодените и најзасегнати од евентуално пробивање на нови нелегални мигрантски рути. 

Спасовски ја потенцирал и можната злоупотреба на рути за инфилтрирање на екстремисти и безбедносни проверки на мигрантите по должината на западно-балканската рута. 

„Не смееме да дозволиме хуманоста да биде жртва на тероризмот. Но, истовремено мораме да бидеме и свесни дека не можеме да се луксузираме со безбедноста и сигурноста на нашите граѓани и на нашите држави. Потребен е ефективен, функционален баланс кој ќе ги анулира овие две крајности“- вели Спасовски.

Тој додал дека е потребно воведување на унифицирани механизми за превенција и контрола, размена на информации, водење на заеднички случаи преку заеднички тимови и формирање на заедничка база на податоци со цел воспоставување на подобра контрола и спречување на на трансфер на потенцијаални терористи меѓу мигрантите.

Слично

Поврзани вести