Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски: Не смееме да дозволиме да има напад на полицијата или институциите

Спасовски: Не смееме да дозволиме да има напад на полицијата  или институциите

Министерот за внатрешни работи,  Оливер Спасовски изјави дека македонските полицајци во неделата беа напаѓани со дрва и бетонски плочи и еден час се воздржуваа за да ја смират ситуацијата, но нивната реакција е резултат на оценката на претпоставените. 

„Таа постапка на полицијата е како по книга. Тука полицајците имаат целосна поддршка и апелирам до граѓаните кои сакаат да го изразат својот револт, да протестираат мирно, но не смееме да дозволиме да има напад на полицијата ниту пак напад врз некоја од институциите за да не ни се повтори 27 април“- вели Спасовски.

Ова тој го искоментира за протестот кој ескалираше по потпишување на договорот меѓу Македонија и Грција. 

Слично

Поврзани вести