СПАСОВСКИ НЕ КАЖА НИТУ ЗБОР - депонирал ли оставка во Владата
Дали е точно дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе поднесе оставка.
Уште во текот на вчерашниот ден се појавија шпекулации дека министерот за внатрешн и работи веќе ја депонирал оставката, и дека таа ќе се разгледува на наредната владина седница.
Сега повторно го поставивме тоа прашање до МВР, но оттаму нема одговор.
На официјалната фејсбук страна на министерот Спасовски нема никаква реакција, а последната објава таму е од 21 февруари, пред да се случи бегството на Мијалков.
Денеска и порталот Плусинфо со прашалник вели дека Оливер Спшасовски планира да поднесе оставка, и наведуваат дека причина за оставката е вчерашното бегство на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, кого полицијата не успеа да го пронајде на домашната адреса за да му го врачи решението за домашен притвор за случајот Таргет-Тврдина.
Според попрталот, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска во 13 часот најверојатно ќе си поднесе оставка од функцијата, а спорец шпекулации од партиски кругови.
За денеска е закажана владфина седница, но како точки се наведени други теми, а не се спшоменува разгледување на оставка на Спасовски.
