Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски: Не апсиме функционери, туку криминалци

Спасовски: Не апсиме функционери, туку криминалци

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи на Македонија, додека трае точката на дневен ред за негова интерпелација во Собранието рече дека полицијата во денешно време не апси функционери на ВМРО-ДПМНЕ, туку криминалци, одговарајќи на коментарите дека се прикриваат убиства.

 „Како прво, не апси МВР, туку обвинителството. А и кога апсиме, тоа не се функционери, туку криминалци на ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Спасовски во своето обраќање пред пратениците.

Тој додаде дека откако е прв човек во МВР не е сокриено ниту едно убиство во Македонија, алудирајќи на времето на Гордана Јанкулоска, кога не се објави убиството на Мартин Нешкоски, односно кога се направи обид да се прикаже дека друга е причината за смртта на момчето.


Слично

Поврзани вести