Спасовски: На седница ќе се одлучува за 14 дневен карантин во Куманово
Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска од Куманово објави дека на денешната владина седница ќе се донесе одлука дали ќе има 14-дневен карантин за овој град, кој процентуално има најголем број на заболени во Македонија, но вели дека најпрво треба да се слушне мислењето на стручната фела.
- Ги скенираме информациите и заклучоците. Ние сме Влада која не одлучува ништо без мислењето на стручната фела. Ќе го слушнеме нивното мислење и мислењето на општинските власти. Потоа Владата на седница ќе одлучи дали ќе се воведе барањето за 14-дневниот карантин на Куманово, вели Спасовски.
Одговарајќи на новинарско прашање рече дека има и други барања од општини за воведување на карантин и дека ситуацијата во Дебар и Куманово е различна, затоа што едниот град има 9.000 а другиот 120.000 жители.
Неговиот апел до граѓаните е да се почитуваат мерките и да нема групарања за велигденските празници и истите да се прослават дома во кругот на семејството.
„Немаме одлука за затворање на верските објекти ниту пак за непрактикување на верски обреди, тоа е недозволиво, но имеме ставови на МПЦ и ИВЗ. Да останеме дома во кругот на нашите семејства, така најмногу ќе придонесеме“, додаде Спасовски.
Тој рече дека уште пред две недели се донесени лекарски засилувања во Куманово.
- Денеска се прави дополнитеелн скринининг со 210 тестоцви за испитување на здравствени работници во Куманово. Имаме 700 вработени во кумановска болница, но 44 се заболени, нагласи тој.
