Германија и Македонија ќе потпишат безбедносен договор
Германија и Северна Македонија ќе потпишат безбедносен билатерален договор кој ќе овозможи засилена соработка и размена на информации меѓу безбедносните служби во двете држави. Потпишувањето е закажано за 17 октомври во Берлин, а параф на договорот ќе стават министрите за внатрешни работи Хорст Зехофер и Оливер Спасовски.
Информацијата беше објавена откако пратеникот на Левицата, Андреј Хунко постави пратеничко прашање до владата.
Слично
