Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски: Министерот за внатрешни работи да го најде тој што им се закануваше на странците

Спасовски: Министерот за внатрешни работи да го најде тој што им се закануваше на странците

Техничкиот премиер Оливер Спасовски го повика министерот за внатрешни работи Наќе Чулев да го пронајде непознатиот граѓанин кој со својот мобилен телефон во центарот на Скопје снимаше странци од Јужна Кореја и ги навредуваше со погрдни зборови, барајќи од нив да си заминат поради корона вирусот, а потоа го објави видеото на социјалните мрежи.

- Говорот кој што ствара фрустрации е непожелен. Им се извинувам на туристите. Не можеме ниту еден проблем да решиме со вербален или физички напад. Очекувам министерот на МВР да превземе мерки. Безбедноста сме сите ние, не само некои институции. Сите заедно мора да работиме за да го покажеме вистинското лице пред меѓународната јавност, рече денеска Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање.

Подоцна се испостави дека не станува збор за кинески туристи туку за невладини работници од Јужна Кореа. Вчера уште пред инцидентот односно во текот на денот градоначалникот на Свети Николе Сашо Велковски објави фотографии со истите луѓе. Тие се дел од невладина организација и во Македонија одржуваат работилници на тема Мир, толеранција и меѓусебно разбирање. 

Слично

Поврзани вести