Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски: Мицкоски нема пријавено обид за убиство

Спасовски: Мицкоски нема пријавено обид за убиство

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска претпладне рече дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не пријавил обид за негово убиство во полиција.

Мицкоски синоќа учествуваше на протесниот марш што со одржува под мотото „Ултиматум – Не благодарам“, а по инцидентот кај плоштадот Скендербег на прес-конференција рече дека лицето кое извади огнено оружје требало да го убие него. Подоцна се испостави дека лицето е Цуфи Кока, брат на висок член на коалицискиот партнер на Христијан Мицкоски, Алијасна, којшто бепе директорот на Јавното претпријатие Комунална Хигиена Скопје до неговото вчерашно разрешување.

- Немаме пријава дека има било какви закани конкретно против Христијан Мицкоски. Претходно и самиот побара обезбедување, па му беше доделено. Потоа нема побарано обезбедување, а доколку сака, може да побара. Нема оперативно сознание дека некој сака да посегне по неговиот живот, рече Спасовски.

Министерот останува на ставот дека поголем дел на полициски службеници го спречиле инцидентот да ескалира уште повеќе. 

- За да не дојде до тоа, секој граѓани треба да знае дека протестите треба да бидат мирни. На ниту еден граѓанин не му е дозволено да вади до огнено оружје во јавност. Вандаизмот и и насилството не даваат резултати

Таму имаше распоредени инспектори и полициски службеници, спречивме инцидент од поголеми размери, а има и уапсени Говорам за хиерархиската комплетност, нема одговорност, не се дозволи каков било инцидент, вие знаете дека никој не може да знае во одреден момент што може да се случува. Никој не можеше да знае ниту завчера дека може да има 47 повредени полицајци, истакна Спасовски.


Слично

Поврзани вести