Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски: Ме загрижува порастот на злоупотреба на службена положба

Спасовски: Ме загрижува порастот на злоупотреба на службена положба

Генерално, во Македонија криминалитетот има стапка на опаѓање, но за 111 насто имаме зголемување на кривичните дела „злоупотреба на службената положба и овластување, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната посета на Прилеп каде безбедносната состојба ја оцени како стабилна.

– Стабилна е безбедносната состојба во Прилеп и во регионот. Имаме опаѓање на криминалитетот и на целата територија на државава, што значи ефикасни се оперативните дејства на полицијата, но евидентно е зголемувањето, за 111 проценти на кривичните дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ на целата територија на Македонија. За тоа треба да се замислат сите функционери во државава. Тоа не смееме да го дозволиме бидејќи станува збор за средства на граѓаните.


Слично

Поврзани вести