Економија, финансии, бизнис

Контакт

СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати

СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати

Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Сспасовски, демантираше дека во 2018 година се договарале бегалски кампови во Македонија.
„Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати. 

Во актуелните разговори за евентуално сместување мигранти постојат сериозни, пред сè безбедносни ризици. Нашата држава нема склучено реадмисиони договори со земјите на потекло, што значи дека дел од тие лица би останале тука без можност за враќање.

Настаните во транзитниот центар во Табановце уште еднаш покажуваат дека процесите мора да се водат одговорно и транспарентно.

Прифатните центри Винојуг и Табановце постојат од 2015 година, исклучиво како транзитни центри, со законски рок од 72 часа. Категорично ги демантирам тврдењата дека во 2018 година се договарале бегалски кампови.

Македонија мора да ги штити сопствените безбедносни и државни интереси“, објави тој.



Фото: Оливер Спасовски/Фејсбук

Слично

Поврзани вести