Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски: Ќе се вакцинирам, иако имам антитела како прележан од Ковид-19

Спасовски: Ќе се вакцинирам, иако имам антитела како прележан од Ковид-19

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни рбаоти, рече дека ќе се вакцинира против Ковид-19 и покрај тоа што ја има прележано болеста, откако долго време мина во болница.

- Јас апсолуно ќе се вакцинирам иако имам антитела, но да видиме какви ќе бидат протоколите и кога ќе можам да го направам тоа, рече Спасовски во емисијата „Студио 10“ претпладнето на ТВ24.

Вели дека МВР секојдневно ги следи и анализира содржините на огласите за изнајмување на викендици и објекти за минување на новогодишните празници по донесената мерка со која тоа им се дозволува само на семејствата.

- Нема забрана да изнајмите викендица, проблем е да изнајмите и да стои оглас за 15, 20, 40 луѓе. Имаше многу огласи, но од почетокот на мерката навистина бројот на огласите се намали драстично. Ние имаме посебни планови за новогодишната ноќ и за денот после тоа. Има механизми за кривични пријави за огласувачите, но и за сопственции на рестораните и објектите ако превземат активност за директно да го загрозат здравјето, како и за тие што ќе учествуваат на тие настани ако се затекнати, рече министерот.

За вчерашната исплатена бонус-плата за полицајците, рече дека морала да се исплати, поради многуте тужби и трошоци за извршување, бидејќи станува збор за долг од 2017.

- Тоа се некаде околу 22.000 денари за 1.600 вработени, кои имаат повеќе од 150 часа прекувремено работно време на годишно ниво. До март ќе се исплати и бонус-плата за 2018, а потоа и за 2020. Со тоа се заокружува овој процес и ќе нема можности за тужби и извршители. Во времето на „режимот“ се давани милионски суми за тужби, камати, судски трошоци и извршители, коментираше првиот човек на полицијата.

Спасовски во 2021 најави поставување на камери на целата територија на автопатите и на регионалните камери, со кои ќе се евидентираат прекршувањата.

Слично

Поврзани вести