Спасовски: Ќе се спроведува забрана за излез од кризното подрачје
Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска на прес-конференција во Владата изјави дека формиран е главен оперативен штаб за управување со кризи.
Вели дека акциониот план предвидува заштита на животот на граѓаните, материјалните добра, зајакнување на мерките во Дебар и Центар Жупа, зајакната контрола на границите, вклучување на надлежните институции и координација, зголемување на нивото на безбедност на патниот сообраќај.
Ќе се спроведува забрана за излез од кризното подрачје, освен во животно загрозувачка состојба.
МВР ќе го регулира сообраќајот. ДСЗ ќе направи дезинфекција на излезот и влезот од кризните подрачја.
Ќе се обезбеди континуиран транспорт на намирници.
Слично
