Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски ќе му ја предаде ракводната палка на Заев и се враќа во МВР

Спасовски ќе му ја предаде ракводната палка на Заев и се враќа во МВР

Досегашниот технички премиер Оливер Спасовски денеска ќе му ја предаде раковдната палка со извршната власт на новиот премиер Зоран Заев и ќе се врати во МВР.

Уште на првиот работен ден, Заев си закажал богата агенда. 

„Ве известуваме дека денеска, 31 август 2020 (понеделник), со почеток во 09:00 часот во Владата на Република Северна Македонија ќе се случи официјално примопредавање на функцијата претседател на Владата помеѓу досегашниот технички премиер Оливер Спасовски и премиерот Зоран Заев.

Со почеток во 13:00 часот, премиерот Зоран Заев заедно со владиниот состав ќе присуствува на протоколарен прием од страна на претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски во Вила Водно.

Во 14:00 часот премиерот Зоран Заев заедно со владиниот економски тим ќе има средба со претставници на четири стопански комори во просториите на Стопанска комора на Македонија, во сала број 4 на 5-ти кат.

По завршување на средбата, во 14:45 часот претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев ќе даде изјава за медиумите“, се вели во владиното соопштение. 

Слично

Поврзани вести