Спасовски ќе го преземе кормилото во техничката Влада
Премиер во техничката Влада ќе биде министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, дознава Фактор.
Претходно за оваа позиција се споменуваше неговото, но и името на министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.
Составот на техничката Влада треба да биде познат на 3 јануари, а избори ќе имаме на 12 април.
Премиерот Зоран Заев е подготвен да прифати да замине од политиката доколку не е победник на претстојните избори, но под услов опозицијата да гласа за измените во Изборниот законик.
Слично
