Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски кажа до каде е расчистувањето на случајот „Јавна соба“

Спасовски кажа до каде е расчистувањето на случајот „Јавна соба“

Се уште трагаме по креаторите на „Јавна соба“, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. 

Полицијата работи на идентификација на нови лица од „Јавна соба“. 

„Знаете дека двајца, креаторот и администраторот се приведени и им е одредена мерка притвор и имаме уште 4 кривични пријави за други 4 лица и продолжуваме со идентификација и понатаму со останатите коишто биле учесници во овој проект“, кажа Спасовски.

Креаторот и администраторот на групата „Јавна соба“ завршија зад решетки. Нив им е одреден притвор од 30 дена. 

Но, не се правеле злоупотреби само во „Јавна соба“.  Дваесет и шест годишен струмичанец преземал фотографии на четири жени од Струмица од социјалната мрежа од Фејсбук, по што креирал албуми и ги објавил на сајтот за возрасни „xHamster“. 

Откако тие за ова дознале, го пријавиле во полиција.

Слично

Поврзани вести