Спасовски кажа дека за автобусот на технички преглед немало забелешки
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска на прес - конференција изјави дека во автобусот кој се запали во Бугарија се превезувале 52 патници, а настрадале 45 лица. Седум лица успеале да го напуштат автобусот и се пренесени во болница во Софија.
Извршен е неформален разговор со едно лице. Кажа лиценците се надлежни да ги проверуваат од Царинска управа. Автобусот многу пати ја поминал државната граница, односно над 100 пати само во една година. На техничкиот преглед немало забелешки за автобусот. Возилото е произведено во 2007 година. Важноста на регистрацијата е до 13.10.2022. Mинистерот вели дека „Беса Транс“ имала кривични пријави за непочитување на ковид протоколи. Обезбеден е биолошки материјал за 44 патници, и тие ќе бидат предадени на слжужбите во Бугарија.
