Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски: Канализацијата во Арачиново ќе биде побргу изградена

Спасовски: Канализацијата во Арачиново ќе биде побргу изградена

Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска во Арачиново најави дека фамозната канализација, која често пати како се уште недовршен а интензивно ветуван проект од власта наидува на осуда во јавноста, ќе биде готова до крајот на годината, наместо како што вели тој, во март 2021.

Проектот има симболика и често беше користена за истиот терминологијата кај функционерите од власта „не кантонизација, туку на луѓето им треба канализација“.

„Канализацијата наместо во март 2021, ќе биде готова до крајот на годината. Станува збор за проект од 106 милиони денари, а работите интензивно започнаа кон крајот на јануари оваа година. проектите се изведуваат еден по друг, тоа е Македонија во мало според градежната офанзива. Некои се пред почетокот на реализацијата, а посебно сум горд што започнавме со градба на првата детска градинка која ќе биде најголема по површина и капацитет во земјата. Во наредните 4 години ќе продолжи соработката на Владата и локалната самоуправа на Арачиново. Владата ќе продолжи да ја поддрува општината и градоначалничката преку проекти“, рече Спасовски.

Канализацијата е можеби најинтензивно најавуваниот проект на Владата, а претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во една прилика за истиот напиша „Нема кантонизација, има канализација“.

Тој заедно со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески беше во Арачиново на увид на изградбата на канализацијата, додека истовремено вчера стартуваше и предизборната кампања.


Слично

Поврзани вести