Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски: Камери за сообраќајни прекршоци од крајот на летото

Спасовски: Камери за сообраќајни прекршоци од крајот на летото

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на прашања од медиумите најави дека до крајот на летотот конечно ќе започне инсталацијата на системот на снимање со камери за сообраќајни прекршоци.

- Целиот тој проект е генерално да се опфатат сите делови на државата. Ќе има фиксни и мобилни уреди кои ќе може да бидат поместувани на регионален и магистрален пат или на автопат. Целата работа е да биде што е можно поопфатен проектот низ целата земја и тој да се проширува. Со тоа ќе се зголеми не само јавната безбедност, туку и сообраќајната.

Спасовски овој проект, како најважен за МВР, го најавува неколку години. Камерите кои се поставени сега во земјава се само во функција на државна безбедност. 

Камерите за сообраќајни прекршоци треба да бидат поставени на територијата на цела држава како софистицирано модерно решение. 

Слично

Поврзани вести