Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски: Како покровител на Националниот ден на Србите Владата ја манифестира искрената грижа

Спасовски: Како покровител на Националниот ден на Србите Владата ја манифестира искрената грижа

Техничкиот премиер,  Оливер Спасовски, вечерва се обрати на Свечената академија посветена на Националниот ден на Србите во Република Северна Македонија - празникот „Свети Сава“, која се одржа во МНТ под покровителство на Владата на Република Северна Македонија.

На свечената академија, покрај претставниците на српската заедница во земјата, присуствуваа и гости од Република Србија и Босна и Херцеговина, меѓу кои и генералниот секретар на претседателот на Република Србија, Никола Селаковиќ, и членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик.

„Ми претставува особена чест што ми е дадена можност да се обратам на овој настан, чиј покровител е Владата на Република Северна Македонија, посветен на одбележување на националниот ден на Србите во Република Северна Македонија, како дел од програмата „Денови на Свети Сава“, во чии рамки е и оваа свечена академија посветена на една од најсветлите и најсветите личности во историјата на српскиот народ – Свети Сава. На сите наши сограѓани од српската заедница во Северна Македонија, како и на гостите од Република Србија и Босна и Херцеговина, најсрдечно им го честитам празникот, со желба овие честитки, во мое име и во име на Владата и народот на Северна Македонија да им бидат пренесени и на граѓаните на нивните земји.  Честа што ми припадна да се обратам вечерва не е само заради тоа што имам прилика да се обратам пред припадниците на српската заедница во Северна Македонија, како и пред угледните гости на оваа свеченост, туку и заради тоа што делото на Свети Сава инспирира и осум века после неговата смрт“, вели Спасовски. 

Додаде дека биографијата на овој свет човек и духовник и неговите државнички активности, како и активностите како светител, оставиле длабоки и исклучително значајни траги и ја потврдуваат неговата големина: Свети Сава е втемелувач на самостојната српска православна црква и нејзин прв архиепископ и основач на царската лавра во манастирот Хиландар на Света Гора Атоска. Спасовски рече дека тој е просветител, основач на училишта и болници, дипломат, пишувач на првите закони во државата српска. Свети Сава е молитвен застапник на сите кои преку него побарале помош од Бога, посредник и помирител меѓу раскараните браќа и народи.

Слично

Поврзани вести