Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски: Ја видов втората снимка со тепањето на Ромите во Битола

Спасовски: Ја видов втората снимка со тепањето на Ромите во Битола

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, одговарајхќи на новинарско прашање денеска рече дека ја прегледал втората снимка од тепањето на Ромите од страна на битолската полиција.

- И натаму ќе се анализираат сите аргументи и факти. Помина времето кога работите се решаваа само заради пиар во јавноста. Против двата полицајци има пријави за дисциплинска одговорност, а едниот се соочува со пријава за кривична одговорност, рече денеска Спасовски пред новинарите.

Во меѓувреме на социјалните мрежи беше објавена уште една нова видео снимка од инцидентот во Битола која дава друга димензија на случајот. На снимката може да се забележи обид за физички напад кон полицаец од страна на еден од присутните.  


Слично

Поврзани вести