Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски ја смирува јавноста: Нема ниту киднапирања, ниту трговија со човечки органи

Спасовски ја смирува јавноста: Нема ниту киднапирања, ниту трговија со човечки органи

Наводно ги отфрлам информациите за киднапирањата и наводни вадења на органи од лица кои деновиве беа најдени мртви, рече денеска министерот Оливер Спасовски на прес конференција по неодамнешните Фејсбук статуси кои ја вознемирија јавноста со цел да предизвикаат страв и паника.

-Во Република Северна Македонија нема ниту еден случај на вадења органи. Тие лица си го одзеле животот. Затоа апелирам јавноста да не наседнува на лаги и непроверени информации-потенцираше министерот.

Оливер Спасовски рече дека е лага и оти бројот на исчезнати пораснал. Тој посочи дека во 2018 година значајно е намален бројто на исчезнати споредбено со 2014 . 

Кажа дека МВР ги решила 94 посто од случаите а работата со напори да бидат стопроцентни решени сите исчезнувања.

„Денес МВР е транспрентна институција. Ние редовно објавуваме се што се случува и тоа го има и на нашата веб страна. Секој граѓанин може секогаш да ја провери информацијата“, рече Спасовски.

Тој апелираше граѓаните да не придонесуваат во ширењето паника и вознемиреност бидејќи како што потенцираше така само се отежнува една истрага во која често зависат и човечки животи.

-Како родител сочувствувам со секој родител чие дете е исчезнато и ги убедувма дека истрагите мора да бидат темелни. Затоа е потребно некогаш повеќе време за резултат и бараме трпеливос-кажа меѓудругото министерот, додавајќи дека то ане значи дека не водат грижо.

Тој им порача на оние кои шират лаги за трговија со човечки органи дека така не помагаат туку само ја зголемуваат болката кај семејствата чии најблиски се исчезнати.

Министерот ги повика граѓаните да соработуваат со полицијата, и да ги дадат сите корисни инфорамции, карактеристичните размислувања на исечзнатиот, неговите видувања, и да не кријат информации од надлежните.

Слично

Поврзани вести