Спасовски ја пушти снимката со Ивона Талевска, вели имало само „криминална платформа“
Пратеникот Оливер Спасовски од СДСМ денеска од собраниската говорница на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ им ја пушти снимката од вестите на телевизија Сител кога Ивона Талевска соопштува дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ја прифатил платформата на Албанците и дека ќе формира влада со ДУИ.
„Да ве потсетам дека Никола Груевски направил договор со ДУИ на 29 јануари, кога вие во средниот ред или поголемиот дел од вас бевте во најновите костуми да славите нова влада“- рече Спасовски.
Тој рече дека во Собранието се раскажуваат нови приказни.
Спасовски кажа дека во Македонија и изминативе 10 години имало платформа, но како што рече таа се викала „криминална платформа“.Трет ден се расправа во Собранието, но уште не е избран претседател.
Слично
