Спасовски ја „преживеа“ интерпелацијата, на Мицевски не му остана должен
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски останува на функцијата.
Дваесетте гласа „за“ не беа доволни за да помине поднесената интерпелација за првиот полицаец.
59 пратеници беа против а оваа постапка во Собранието беа проследена со напната дебата.
Пратениците од власта го напаѓаа министерот а ниту тој не им остана должен.
Спасовски одговори и на прозивките на координатор на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, кој го обвини министерот дека е неспособен.
Мицевски го праша Спасовски уште колку човечки животи треба да згаснат за Оливер Спасовски да сфати дека е неспособен да го води МВР а министерот Спасовски демантирајќи ги наводите потсети на неговата претходничка.
„Немате тендер кај што не сте краделе. На спајалици сте ќарувале. Од фирмите за чистење сте ќарувале по милион евра секоја година. Чавков за 700.000 евра има набавено 25 возила за МВР. За милион евра во мое време, набавени се 45 исти такви возила“, кажа Спасовски.
