Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски: Изборните рокови продолжуваат по завршувањето на вонредната состојба

Спасовски: Изборните рокови продолжуваат по завршувањето на вонредната состојба

Техничкиот премиер Оливер Спасовски по средбата со хрватската амбасадорка во Скопје, Нивес Тигањ, објави дека роковите за предвремените парламентарни избори течат во моментот по завршувањето на третата вонредна состојба во Македонија. 

Според Спасовски, доколку тоа не биде така, се доведуваат во прашање преговарачката рамка и меѓувладината конференција со ЕУ во јуни, по одлуката на Брисел да започне преговори со Скопје.

„За да не ги доведеме во прашање преговарачката рамка и меѓувладината конференција со ЕУ, изборните рокови мора да продолжат во моментот кога ќе престане вонредната состојба

На средбата со хрватската амбасадорка во нашата земја, Нивес Тигањ, бев информиран дека Хрватска, како уште еден приоритет за време на нејзиното претседавање со ЕУ, доставила допис до Европската Комисија дека во јуни треба да биде поставена преговарачката рамка за Северна Македонија со што ќе се отвори патот за првата меѓувладина конференција која треба да го означи почетокот на преговорите по поглавја за заокружување на процесот за членство на земјата во ЕУ“, објави Спасовски.


Слично

Поврзани вести