Спасовски: „Иван Михајлов“ е провокација
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски именувањето на културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола и отворањето на клубот го оценува како провокација.
- Знаеме дека се работи за личност - соработник на Хитлер и со таа провокација никако не се придонесува, ниту ќе ја подобри климата во Бугарија ни во Северна Македонија. Јас цврсто стојам на ставот дека нашата земја никнува од Народно ослободителната борба и тие придобивки, како и секој граѓанин, ги почитувам максимално. Борбата против фашизмот е придобивка која ние и сите генерации мораме да ја сочуваме и негуваме како традиција, рече денеска Спасовски при посетата на кумановската болница.
Тој ги повика бугарските политичари да се свртат кон иднината со разговор на принципиелни основи.
