Спасовски: Имаме индиции каде е останатиот дел од дрогата
И натаму МВР останува само на 230 килограми пронајден канабис од вкупно 2-та тони кои беа ограбени од складиштетот во валандовско Јосифово. Министерот за надворешни работо Оливер Спасовски во синоќешното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека влегувањето на полицијата во Арачиново и Горно Мојанци било само дел од акцијата
„Тоа беше добра и голема акција која ја спроведовме, и покажа дека имаме нулта толеранција кон вакви активности. Истрагата се проширува и е во тек. Сега не би сакал дополнителни детали да изнесуваме, постојат уште многу информации, многу индиции кои ќе ја заокружат приказната и ќе го заокружат до крај процесот. Важно е дека е влезено во трага на криминалците, но тука има вклучување на други лица, истрагата до крај ќе ги покаже сите аспекти. Ова е само дел од акцијата“, изјави Спасовски.
Спасовски на прашањето дали МВР има сознание каде е другата количина, одговори дека полицијата, како што кажа министерот, засега има само индиции каде е останатата количина.
