Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски и Петровски на распит во ОЈО

Спасовски и Петровски на распит во ОЈО

Двајца функционери-еден од опозициската и еден од владеачката гарнитута денеска се на распит во скопското обвинителствоо.

Оливер Спасовски во 12 часот е повикан на распит во ОЈО, а распитот пред него го заврши Филип Петровски.

Предмет на истрага во однос на Спасовски се наводните сомненија за лажирање на финансиските извештаи  и начинот на финансирањето на партијата, за истите причини и лидерот на СДСМ беше на распит во петокот.

Заев по завршувањето на распитот изјави дека Јавното обвинителство отвора контра истрага на секоја нова истрага на Специјалното јавно обвинителство и дека ќе се докаже неговата невиност.

 Филип Петровски пак кој е директор на Архивот на Република Македонија се товари дека предизвикал општа опасност и загрозување на националните и верски права преку објава на социјалната мрежа Твитер.

Распитот е по барање на Хелсиншкиот комитет, а пријавата ја поднесе МВР во времето кога со него раководеше Оливер Спасовски од СДСМ.

„Денеска бев да дадам исказ по пријава која е поднесена од Уранија Пировска од непостоечкиот Хелсиншки комитет на светско ниво. Од една невладина организација, која го злоупотребува старото име кое некогаш постоело, а се злоупотребува со цел за да се креира јавно мислење какво што и одговара на крајната левица, либералите кои се спротивставуваат на секое спротивставено мислење, на секој спротивен политички став и идеологија, спонзорирана од странство и од Сорос. Практично за еден твот кој што сум го објавил пред изборите тие прават случа“, рече Петровски, додавајќи ова е втор преседан во Европа, односно ддека прв случај е твитот на поранешниот словенечки премиер Јанез Јанша.

Слично

Поврзани вести