„СПАСОВСКИ И ДЕНЕС Е ДО МЕНЕ, А ЌЕ БИДЕ И УТРЕ“ - Ковачевски ги оцени за шпекулации гласините за претседателски амбиции на министерот за внатрешни
Изборите ќе бидат во редовниот законски термин, рече денеска премиерот Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање.
За гласините дека Оливер Спасовски имал амбиции да биде претседател на државата а дека имл и амбиции да биде претседател на СДСМ, Ковачевски рече.
„Шпекулација и лажни вести од таборот на опозицијата кои имаат проблеми кај себе и сакаат да ја префрлат топката кај другите.
Прво, министерот Спасовски и денес е со мене и утре ќе биде со мене, и тој е дел од стратешкиот тим на СДСМ за подготовка на следните парламентарни и претседателски избори.
Во однос на претседателската функција во ССМ, тоа е единствена партија во државата која својот претседател го бира на непосредни избори во кои улествуваат сите членови на партијата. Јас како претседател сум избран со над 40 илјади гласови, од тројца кандидати.
Откако ќе завршат мандатите, се бираат нови согласно процеури, за разлика од други партии кои бираат во Валандово фолк сала, каде гласачите ги носат со автобус, кандидатот најверојатно во гепек.
Кај нас избори се организираат во точен датум, а дотогаш сите работиме како еден заеднички тим.
Кога ќе има нов претседател на СДСМ, тоа повторно ќе биде победнички СДСМ“, рече Ковачевски.
