СПАСОВСКИ И БЕСИМИ ДАРУВАА КРВ: Агелер со насмевка се фотографираше со нив, додека тие лежеа приклучени на машината
Министерот за внатрешни работи и вицепремиерот за евроинтеграции, на покана на Амбасадорката на САД, Анџела Агелер, даруваа крв.
„ На покана на амбасадорката на САД, Н.Е. Анџела Агелер, со задоволство учествував во крводарителската акција во Амбасадата на Соединетите Американски Држави, по повод одбележувањето на Националниот ден на служба и сеќавање во чест на жртвите, преживеаните и сите оние кои помогнаа во справувањето со последиците од ужасните терористички напади на 11 септември. Крводарителската акција е во соработка со Црвениот крст на Град Скопје и со Институтот за трансфузиологија. Дарувај крв – спаси живот!“ напиша Спасовски на Фејсбук.
ФОТО: Фејсбук/Оливер Спасовски
Слично
