Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски: Граѓанската волја мора да биде час поскоро преточена во нови легитимни институции

Спасовски: Граѓанската волја мора да биде час поскоро преточена во нови легитимни институции

Премиерот Оливер Спасовски денеска на прес - конференција изјави дека Maкедонија продолжува по вистинскиот пат и дека изборот е направен. 

Вели дека победник е секој граѓанин, но и државата, а како народ сме покажале европски вредности. 

„Покажавме како навистина се сака својата земја, како се чуваат достигнувањата“, рече Спасовски. 

Додаде дека пред нас е период на формирање на целосно функционални институции. 

Втората стартешка цел се европските интеграции. 

„Граѓанската волја мора да биде час поскоро преточена во нови легитимни институции. Очекувам од ДИК да дадат придонес во тој процес“, вели Спасовски. 

Премиерот рече дека треба да бидеме горди за изборите кои се одржаа во мирна атмосфера во време на пандемија. 

Додека не се формира нова Влада, оваа Влада останува да функционира. 

Слично

Поврзани вести