Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски: Граѓаните да го пријават секое собирање на граѓаните било каде во државата

Спасовски: Граѓаните да го пријават секое собирање на граѓаните било каде во државата

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски вечерва изјави дека мора да се почитуваат мерките за заштита, за не дојде до ширење на коронавирусот. 

Вели дека посветено ќе работат, со цел граѓаните да имаат сигурност. 

Спасовски рече дека и сега има собири по паркови, околу згради, и вели дека полицајците реагираат превентивно. 

„Апелирам до граѓаните да го пријават секое собирање на граѓаните било каде во државата“, вели Спасовски. 

Премиерот вели дека џабе се напорите, ако самите не сме одговорни. 

Тој рече дека младите треба посебно да бидат одговорни. 

Слично

Поврзани вести