Спасовски го деградира Буши: Алијанса и Алтернатива бараат оставка од заменикот министер
Најавата за нов предлог-закон за државјанство е тенденциозна и има за цел да го попречиа носењето на нашиот предлог закон,кој е во собраниска постапка, реагираа денеска од Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива. Вчера министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека Владата ќе предложи нов предлог-закон за државјанство.
Цениме дека е апсолутно непотребно да се предложи нов предлог-закон кога се знае дека сите политички партии и СДСМ, и ДУИ, и ВМРО преку нивните пратеници во Собранието со амандмани можат да придонесат за еден квалитетен закон и конечно решение за еден многу важен проблем со кој се соочуваат голем број на наши граѓани.
Бараме од СДСМ како политичка партија јавно да се изјасни, дали го подржува предлог-законот на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива? После вчерашната изјава на Оливер Спасовски дека негативното мислење на Министерството за Внатрешни работи ја има поддршката и на неговиот заменик Назим Буши од ДУИ, бараме од ДУИ да се изјасни дали има промени во нивниот став во однос на предлог законот за кој првично се изјаснија дека го подржуваат, и исто така бараме од ДУИ објаснување, дали министерот Спасовски зборува и во име на ДУИ, бидејќи вчера добивме таков впечаток од начинот како се однесува спрема неговиот заменик, Назим Буши, стои во известувањето од оваа коалиција.
Додаваат и дека бараат од Оливер Спасовски да престане со, како што велат, циркусот и начинот на кој го третирал Буши.
„Додека од Буши бараме под итно да си поднесе оставка од функцијата заменик министер, поради морални причини за да престане и понатаму да го деградира албанскиот гласач, пишува во соопштението
