СПАСОВСКИ ГО ЧЕСТИТА 1 МАЈ: Да не заборавиме дека успехот доаѓа со напорна работа
Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовки на Фејсбук го честита 1 Мај – Меѓунарoдниот ден на трудот и наведува дека ова не е обичен ден, туку е ден на кој оддаваме почит на извонредните луѓе, работниците за нивните економски и социјални достигнувања.
„Нека овој празник ни биде уште еден потсетник дека предизвиците и тешките ситуации не треба да нѐ спречуваат да ги достигнеме нашите соништа. Секој може да загуби битка, но само оние кои се борат наоѓаат мир и задоволство. И, да не заборавиме дека успехот доаѓа со напорна работа и посветеност“, наведе Спасовски.
Вели дека одлика на секое цивилизирано и современо општество е почитување и вреднување на сечиј труд подеднакво.
„Како Влада се заложивме за безусловна посветеност на градење еднакво општество за сите, a од аспект на Министерството за внатрешни работи се заложивме за севкупно подобрување на професионалните услови за работа на полициските службеници, преку реконструкција и изградба на полициските станици, набавка на униформи и опрема, исплата на бонус плати. Бидејќи само од мотивирани вработени може да очекуваме високи резултати и успешно и ефективно работење. На сите наши граѓани им го честитам празникот 1 Мај со желби преку заедничка и вредна работа да обезбедиме личен професионален напредок и заеднички прогрес на нашата земја“, додаде Спасовски.
Премиерот Зоран Заев претходно го честиташе празникот и наведе дека конечно недела ќе биде неработен ден, но и дека платите растат. Mинистерот за правда Бојан Маричиќ вели дека работниците секогаш биле „моторот“ кој ја движи државата.
Синдикатот испорача повеќе барања до властите. Тие бараат и повисоки плати.
