Спасовски ги повика граѓаните да пријават доколку се снимани или фотографирани
Граѓаните да пријават на бројот 192 доколку гласаат на референдумот и забележат дека се неовластено снимани.
Ваква порака денеска испрати министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
„Доколку забележите дека некој ве снима, го извикува на глас вашето име и презиме, или на било кој начин го попречува вашето право да гласате, веднаш пријавате на 192 или на полицискиот службеник во близина на вашето гласачко место“- напиша тој на Твитер.

Спасовски порачува дека доколку граѓаните забележат дека фотографија од нив се појави на социјалните мрежи да го пријават тоа на адресата cybercrime@moi.gov.mk.
Вакви случаи денеска имаше во дијаспората, во Мелбурн, Австралија.
Слично
