Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски: Екс министерката парично ги награди полицајците кои исфрлија новинари и пратеници

Спасовски: Екс министерката парично ги награди полицајците кои исфрлија новинари и пратеници

Додека една црна епизода од парламентарната историја со поведувањето на истрага за Крвавиот четврток полека започнува да се решава на правен начин, за Црниот понеделник нема никаква права разрешница освен што беше постигнат политички договор кој и онака беше потоа грубо исмеван од ВМРО-ДПМНЕ дека имал вредност како и тоалетната хартија. 

Запрашан за улогата на полицијата како и за расчистување на настаните од 24 декември 2012 година кога насилно од Собранието беа исфрлени пратеници на опозицијата и новинарите, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, открива еден шокантен податок. За завршената задача дадена по наредба на екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, за полицајците кои учествувале во акцијата следел дури и парична награда.

„Не се реагираше како што треба и не можеше да биде расчистен, бидејќи беше дадена наредба на полициски службеници да дојдат да ги исфрлат новинарите и пратениците. И не само што ги исфрлија, еве за јавноста да кажам, тогашниот министер за внатрешни работи ги наградил сите тие полициски службеници со по 12.000 денари додаток на плата“ изјави министерот Спасовски.

Инаку сега највисок полициски функционер кој е под истрага и на кого му е определен 30 дневен притвор е Митко Чавков кој ја наследи Јанкуловска како министер за внатрешни работи, беше долго време директорот на Бирото за јавна безбедност, а исто така за време на Крвавиот четврток беше шеф на оперативниот штаб на МВР задолжен за обезбедување на Собранието но, како што беше наведено во полициската оценка командата целосно потфрлила и полицајците не делувале повеќе часа што доведе до силни напади врз новинари и пратеници, па дури и на дел од самите полицајци кои ги обезбедуваа влезовите на парламентарната зграда.

Слично

Поврзани вести