Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски: Еден од уапсените бил во контакт со Мицкоски

Спасовски: Еден од уапсените бил во контакт со Мицкоски

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, во емисијата „Утрински брифинг“ рече дека еден од уапсените во вчерашната полициска акција за разбивање на група на полициски службеници кои изработувале пасожи со лажни идентитети на регионални криминалци бил во секојдневна комуникација со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

- Според сознанијата и индициите кои јас ги имам, тие биле во контакт. Дел од документите кои ги има опозициската партија се од тука, рече министерот, кој и натаму тврди дека опозицијата ја саботирала истрагата, односно акцијата „Двојник“.

Според Спасовски, акцијата требало да биде изведена неколку дена подоцна, но морала да се спроведе порано поради, како што вели тој, „конспирациите кои започнал да ги објавува Мицкоски“.

ВМРО-ДПМНЕ два дена пред акцијата ги брифираше медиумите за издавањето на лажните пасоши од службите на МВР, додека аферата ја нарече „Мафија“. Вчера претседателот на партијата Христијан Мицкоски одржа прес-конференција со презентирање на документи истовремено додека се одвиваше акцијата.

Слично

Поврзани вести