Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски: Досега откриени четворица „диви“ мајнери на криптовалути

Спасовски: Досега откриени четворица „диви“ мајнери на криптовалути

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во емисијата „утрински брифинг“ изјави дека до сега се уапсени четворица мајнери кои на диво коппале криптовалути со кражба на електрична енергија во периодот од јануари до октомври.

– Откриени се три кривични дела кражба на струја за копање криптовалути, а откриени се четворица сторители кои приклучиле компјутерска опрема на дистрибутивната мрежа за копање криптовалути, изјави Спасовски.

Министерот додаде дека за кривичното дело „кражба на струја, топлинска енергија и природен гас“, откриени се 41 неовластени приклучоци на дистрибутивната мрежа на територијата на СВР Скопје.  

Поднесени се 40 кривични пријави против 45 сторители за кражби на струја или топлинска енергија и гас, рече Спасовски при посетата на брифингот на Утрински. Toj додаде дека пријавите доаѓаат од дистрибутерите и дека се расчистуваат последните случаи со ГТЦ, Железница и други локации, каде е забележана енормно зголемена потрошувачка на струја.


Слично

Поврзани вести