Спасовски: Добро е да има уште еден кандидат за лидер на СДСМ, а Заев заслужува
Постои единство во СДСМ, но е добро да има и друг кандидат за претседател на партијата, вели Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи кој синоќа гостуваше во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.
На прашањето дали Оливер Спасовски би бил еден од кандитатите, вели дека не се гледа на таа позиција.
„Јас воопшто не размислувам на таа тема сега. Сметам дека еден претседател на партијата кој ги донесе најважните одлуки и за партијата и за државата, еден претседател кој се бореше и го сруши режимот, заслужува да му се даде поддршка во следниот период да продолжи да работи за доброто и на партијата и на државата, изјави Спасовски.
Слично
