Спасовски: До сега изработени 13.000 лични карти
Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, денеска информираше дека 13.000 нови лични карти до сега се обновени од страна на службите по претходен истечен рок.
- Досега работата тече нормално, испечатени се повеќе од 13.000 лична карти. Најмногу уште две недели ќе трае печатењето на заостанатите кои чекаа одобрување. Ние сме во постојан ангажман на вработените во одделот за проиизводство за да може истовремено да се онбовуваат старите лични карти и да се работи на новите барања, рече Спасовски.
Претходно, два месеци граѓаните не можеа да ги онбоват личните карти со поминат рок, поради блокиран закон во Собранието. Се собраа околу 40.000 барања, а изработката започна откако Владата одлучи да ја прекине блокадата со подзаконски акт кој започна да се применува минатата недела.
