Економија, финансии, бизнис

Контакт

СПАСОВСКИ ДО МИЦКОСКИ: Изјавата беше дека јас нема да имам мир додека е тој жив, му посакувам долг живот

СПАСОВСКИ ДО МИЦКОСКИ: Изјавата беше дека јас нема да имам мир додека е тој жив, му посакувам долг живот

Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски му посака долг живот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски, oткако тој му порача дека ќе го гони дури е жив.

„Додека е тој жив или додека сум јас жив? Изјавата беше дека јас нема да имам мир додека е тој жив. Јас му посакувам долг живот“, рече Спасовски.

Претходно, Мицкоски побара oставка од Спасовски. 

„Од Спасовски со месеци наназад бараме оставка, му се случија криминалци белосветски да добиваат пасоши, му се случија скандали како на никој министер за внатрешни работи во историјата на Македонија и нему око не му трепна. Напротив, тој со овој полусвет живееше, стимулираше и мислеше дека ако ја напаѓа опозицијата преку овој полусвет и мене лично и моето семејство дека на тој начин ќе обезбеди мир за себе, но нема да обезбеди мир додека сум јас жив“, вели Мицкоски. 

Тој кажа дека нема да обезбедат мир сите оние кои се виновни за смртта на малата Вања Ѓорчевска која беше киднапирана и убиена, а осомничениот Љупчо Палевски избега од државата, а турската полиција го уапси во градот Баликесир. 

Според ВМРО-ДПМНЕ, полицијата потфрли и одговорност мора да има. 

Слично

Поврзани вести